Пристојна работа за жени работнички

На покана на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР), НЕКСТ-ЕМ дооел учествуваше на дводневна обука на тема „Пристојна работа за жени работнички“, која се одржа во Хотел Парк, Скопје на 11-12 Април 2024 год. Целта на обуката е промовирање, поддршка и зголемување на социјалното учество и правата на работничките во Македонија. На обуката се говореше за актуелни теми од областите: Tрудово право, пристојна работа, колективно договарање, безбедност и здравје при работа, родови политики на работното место, социјално учество. Обуката ја водеше M-р Софија Волческа, асистент на правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” заедно со Проф. Д-р. Лазар Јовевски професор на правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. На обуката имаше и гости презентери: претставници на синдикат – КСС. Обуката се организираше од страна на Фондација за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и Здружението на бизнис жени во рамки на проектот „Пристојна работа за жени работнички – Социјално учество и зајакнување”. Проектот предвидува воспоставување механизми за поддршка на концептот на пристојна работа за работничките, промовирање во рамките на социјалниот дијалог, придонес кон заштитата на работничките права на работничките, и зголемување на јавната свест за значењето на пристојната работа од аспект на инклузивниот и одржливиот економски раст. Во рамките на проектот воспоставен е Комитет за пристојна работа на работничките, спроведена е обука на организациите од граѓанскиот сектор на темата пристојна работа за жените работнички, а изработена е и студија на состојбите на пристојната работа на работничките со препораки за унапредување. Проектот е финансиран од Европската Унија.