Основни услови за користење:

  • Забранет е секаков вид на СПАМ-ирање.
  • Услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ не смеат да се користат при продавање, препродавање, купување или понудување и изнудување на било какви нелегални активности, вклучувајќи пиратерија, психотропни супстанци, оружје и др.
  •  Порнографски содржини се дозволени доколку ги исполнуваат условите за порнографија и притоа не ги нарушуваат постоечките закони на РМ.
  • Објавување на било кој вид на пораки што претставуваат поттик на омраза и дискриминација на верска или пак расна основа истакнати на веб страните или пак во домените е строго забрането.
  • Секаква дистрибуција на материјали кои ги прекршуваат авторски права или права
  • на регистрирани знаци е најстрого забранет и корисникот ќе биде отстранет веднаш штом биде забележан од одговорните лица на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ .
  • Доколку се открие дека некој од корисниците ги злоупотребува услугите на НЕКСТ- ЕМ ДООЕЛ, или се поврзани со нелегални активности, се подложени на временски неодредено надгледување и контролирање од страна на овластени лица на НЕКСТ- ЕМ ДООЕЛ или пак надлежни лица од согласно законите на РМ.
  • НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ го задржува правото, но не е должен, на проверка на содржините на своите клиенти, и доколку ги прекршуваат условите за користење, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ има право да ги отстрани сите содржини и материјали или пак да одбие вршење на било какви услуги кон клиентот.
  • Клиентите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ се согласуваат дека во било кој случај, нема да превземат никакви мерки спрема НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ за сите штети настанати поради непочитувањето на овие услови за користење.

Дополнителни услови за користење:

  • НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за користење. Корисниците на услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новите услови.
  • НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ има право без претходна најава да ги суспендира, ограничи, исклучи/стопира или отстрани услугите на клиентите кои ќе ги прекршат условите за користење на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ или пак постоечките закони на РМ. НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ исто така на барање од надлежни институции во РМ ќе ги достави информациите кои ги поседува за даден корисник доколку се смета дека тоа ќе помогне во процесот кој се води од надлежните служби. Во таков случај, клиентот се согласува дека во никој случај, без никакви временски ограничувања, нема да го смета НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ за одговорен.
  • Во процесот при почетна регистрација и сите останати дополнителни регистрации за користење на услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, корисникот е должен да достави валидни и точни информации. Доколку постои промена на информациите кои се потребни за регистрација, корисникот е должен навремено да го извести НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ. Во спротивно услугите нема да бидат достапни или пак постоечките услуги ќе бидат суспендирани на неограничен временски рок определен од НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ.
  • По исплаќање на долгот за користење на услугите или по активирање на статусот како активен клиент на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ по основа на претходен договор, ќе бидат доставени инструкции за користење на услугите. Инструкциите ќе ги вклучуваат сите лозинки и корисничко име за користење на услугите. Одговорност на клиентот е доставените информации да ги чува како строго доверливи и да не ги споделува со никого. Исто така, корисникот е одговорен за сите активности произлезени од тоа корисничко име доколку не се воспостави поинаку. Корисникот се согласува да ги извести одговорните служби на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ (support@next-em.com.mk) доколку забележи било какви сомнителни активности, oсобено оние кои ги вклучуваат неговото корисничко име и/или лозинка.
  • НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ се согласува да прифати порнографски содржини доколку истите ги задоволуваат законските норми како на пример: наменета публика за порнографските содржини да се лица со возраст од или над осумнаесет (18) години.
    Клиентите задолжително се обврзуваат пред објавување на ваквите материјали дополнително да го проверат изворот како и податоците за истите и писмено да го известат НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ за своите намери. НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ не одговара за нарушување на законски норми од страна на клиентите и се согласува дека при затекнување на илегална содржина се обврзува истата во најкраток можен временски период да ја отстрани и да го суспендира клиентот без негово претходно известување.
  • Секој клиент на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ се согласува дека нема да доставува или работи со нелегална содржина, или содржина која нарушува авторски или останати права, вклучувајќи, но не ограничено на дигитализирани аудио/визуелни фајлови, извршни фајлови, архивски фајлови и сите останати видови на фајлови и материјални средства. Исто така, клиентот се обврзува дека преку услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ нема да врши никаков вид на илегална трговија на средства.
  • Секој клиент е обврзан при поставување на било какви податоци преку услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, во обзир да ги земе локалните, државните и интернационалните закони и притоа истите да ги почитува.
  • НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ го задржува правото да преземе соодветни мерки спрема клиентите кои ќе ги искористат услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ за да дозволат пристап до нелегални содржини.
  • При користењето на услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, клиентот се согласува дека нема да загрозува или собира доверливи информации на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ или друго лице или организација. Корисниците се обврзуваат да ги почитуваат правата на приватност на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, останатите корисници и сите инволвирани страни.
  • Доколку услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ се користат за собирање на информации преку веб страни, корисникот на истите, се согласува дека е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на корисниците на веб страната ќе им даде до знаење за истата.
  • Клиентот се согласува дека нема да ги користи услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ за складирање или дистрибуција на злонамерни кодови, скрипти и било каков друг вид на опасен софтвер кој може да доведе до создавање на софтверски или хардверски грешки, намалување на брзината на работење на компјутерот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на системите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, клиентите или пак трети лица и организации.
  • Клиентот се согласува дека во никој случај нема да се обиде недозволено да пристапува до доверливи делови и информации на останати корисници на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ.
  • Клиентот се согласува дека услугите овозможени од НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ нема да ги искористи за дистрибуција на несакана електронска пошта или било каков друг сличен материјал.
  • НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ го задржува правото без претходно известување, да забрани внатрешен и надворешен пристап до е-маил адреси кои нема да ги почитуваат дадените услови за користење.
  • При користењето на нашите услуги, клиентот се обврзува дека во никој случај нема да ги искористите истите за лажни, измамнички и криминални дејствија.
  • НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ со цел да им овозможи квалитетни услуги на своите клиенти, обезбедува корисничка и техничка поддршка 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

Доставувањето на оваа поддршка е самоиницијативно од страна на НЕКСТ-ЕМ
ДООЕЛ и притоа не е задолжен истата да ја доставува 24 часа.

  • Користењето на хостинг услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ е најстрого забрането за користење на IRC (Internet Relay Chat) услуги. Во спротивно ќе биде покрената соодветна казнена мерка против клиентот.
  • Со користење на услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, клиентот се согласува дека за било какви недоразбирања, непријатности и неспогодби кои можат да произлезат од користењето на услугите, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ нема да го смета за одговорен во никој случај.
  • По истекот на временскиот период за користење на услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, доколку клиентот сака да го продолжи тој период, плаќањето се врши до или на денот кога тој рок истекува. По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на договорот, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ без никакво претходно известување ги суспендира или откажува понудените услуги. При овој процес може целосно да бидат избришани сите податоци и фајлови, е-маилови, веб страни и др.