НЕКСТ-ЕМ дооел како овластен регистрар од МАРнет, смета дека треба да Ви појасни одредени информации за да полесно го разберете целиот процес и ја завршите целата процедура без притисоци и непотребни нервози.
Во моментов е актуелно секој домен да се пререгистрира, да се избере регистрар, и да се премине од МАРнет кон избраниот регистрар, со што во иднина наплатата ќе ја врши регистрарот кој сте го избрале, а регистрарот се раздолжува кон МАРнет. Ова е битно да го знаете дека само пререгистрација, без продолжување на доменот, не значи ништо, затоа што по валидноста на доменот, и по временскиот рок кој е даден во Правилникот на МАРнет, доменот може да се избрише. Затоа би сакале да Ви кажеме дека кај нас, пререгистрација, значи автоматски и продолжување на доменот, а обнова може да биде од наредната година, кога доменот веќе е пререгистриран, и само се обновува времетраењето на доменот за наредниот период. Да сумираме, пререгистрацијата започна од 01 Април 2014 год. и ќе трае до 31 Март 2015 год.
Сите домени кои се веќе регистрирани во МАРнет досега, мора да се пререгистрираат бидејќи МАРнет повеќе не врши регистрација/обнова на домени. Тоа го прават овластени регистрари. Доколку имате домен, тој мора да се пререгистрира, што воедно значи и обнова на доменот, доколку не го пререгистрирате, не можете ни да го обновите.

НЕКСТ-ЕМ дооел како овластен регистрар, врши регистрација на нови домени, пререгистрација на веќе регистрирани домени, како и обнова за истите од наредната година. Доколку одлучите да не изберете нас како регистрар, цената за секоја ставка е следна:

  • Регистрација на нов домен – 800 ден. +18% ддв = 944 ден.
  • Пререгистрација (со обнова од 1 година) на домен – 400 ден. + 18% ддв = 472 ден.
  • Обнова на домен – 400 ден. + 18% ддв = 472 ден.

Во моментов е можна само регистрација на нов домен, како и пререгистрација на домен за да може од МАРнет да премине кај некој од регистрарите. Промените на именските опслужувачи не ги наплатуваме, како и трансферот.
Во процедурата за пререгистрација на постоечки домен или регистрација на нов домен, потребно е барање, кое можете да го погледнете и превземете од нашата веб страна, воедно Вие и  како информација за да видите кои податоци се потребни за пополнување. Заедно со барањето е потребно тековна состојба-копија (не постара од 6 месеци).
Барањето треба да се пополни исклучиво електронски, отпечати и завери со печат и потпис, и документите ни се потребни во оригинал (не е проблем да се договориме да ги подигнеме од кај Вас), а претходно скенирани (pdf) да ни ги пратите на маил, за да може да Ве внесеме во базата на податоци и за да може да се почне процедурата кон МАРнет. За секој домен треба посебно барање.

Доколку се работи за физичко лице, потребно е само барањето, пополнето и своерачно потпишано. Во меѓувреме на маил добивате фактура, која во оригинал Ви ја праќаме по пошта. Доколку имате дигитален потпис, може да се потпишат барањата и тековната и тоа скенирано да се прати на маил, во тој случај нема потреба од дополнителни документи, бидејќи тие се сметаат за валидни.
Домените кои се регистрирани во МАРнет, мора да се пререгистрираат кај некој од регистрарите, но тоа може да се направи само 30 дена пред да истече. Вашиот домен може да го регистрирате/пререгистрирате за период од 1 до 10 години, но цените се исти, независно од периодот, бидејќи нудиме најниски цени на пазарот.

Откако ќе ги имаме Вашите документи (барање + тековна состојба), се постапува по нив и тоа:
– Доколку се работи за регистрација на нов домен, по извршената проверка  на документите,  се проследува кон реализација, по редослед по кој се заведени во деловодна книга.
– Доколку се работи за пререгистрација на домен, по извршената проверка на документите, истите се скенираат и се праќаат на МАРнет, со барање за код за трансфер, со што по добивањето на кодот за трансфер, се пристапува кон реализација, по редослед по кој се заведени во деловодна книга.

И во двата случаи, откако ќе биде завршена целата постапка, добивате известување на маил.

Се надеваме дека успеавме да Ви го објасниме целиот процес, за да не се збуните од дезинформациите кои ги има во јавноста, a изборот на регистрар ќе биде Ваша одлука и ние тоа ќе го почитуваме.

 

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ви стоиме на располагање.

Со почит,
НЕКСТ-ЕМ дооел