Прва Конференција – Институт Хајделберг

Институтот Хајделберг организираше Прва Конференција за борба против корупција, која се одржа на 04 Април 2024 год. во просториите на Хајделберг Факултетот во Скопје. На конференцијата имаше два панели, при што говореа експерти од дадени области. Во Панел 1 се дискутираше за Сегашна состојба на системот за јавни набавки, слабости и ризици, а свое мислење дадоа Александар Аргировски, Државен советник во Биро за јавни набавки и Максим Ацевски, Главен државен ревизор во Државен завод за ревизија. Во Панел 2 се дискутираше за Превенција и Борба против корупција во јавните набавки, а свое мислење дадоа Ирена Поповска, од Државна комисија за спречување на корупција,  Гордана Ѓешкоска, Јавен обвинител во пензија и Проф. д-р Александра Деаноска Трендафилова, Професор по казнено право на Правен факултет “Јустинјан Први”, УКИМ. Модератор на настанот беше м-р Сања Костадиновски, Самостоен инспектор во Управа за финансиска полиција. Целта на оваа Конференција е да придонесе за градење на „јавен интегритет“ во насока на добро владеење, што би придонело сите чинители вклучени во процесот на јавни набавки да бидат вистински достојни за јавна доверба и почит. Во таа насока, идејата е учесниците да се запознаат со моменталната состојба на јавните набавки во однос на корупцијата и утврдените слабости, како и да укажат на ризиците од корупција кои постојат во областа на јавните набавки за целосно расветлување за состојбата и поттикнување на јавната свест. Во насока на ефикасна превенција и борба против корупцијата во јавните набавки. На настанот свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.