МАРнет работилница

На покана на МАРнет, НЕКСТ-ЕМ дооел учествуваше на работилница со тема “Проверка на потенцијален судир помеѓу правото на трговска марка и процесот на регистрација на домен имиња”. Работилницата се одржа на ден 30 Септември 2026 год. во ФИНКИ InnoLAB, со почеток во 13 ч. По пристигнувањето на учесниците свое поздравно обраќање имаше Директорот на МАРнет Владислав Бидиков. Работилницата беше поделена во две презентации, со учество на авторите и врвни експерти од областа. Презентери на истите беа Д-р Ана Пепељугоска Стојкоска, Адвокат/Партнер, Адвокатско друштво Пепељугоски и Катерина Смиљковиќ, Застапник за индустриска сопственост, Смиљковиќ ИП.