IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..


Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Дигитална трансформација и нови можности за женско претприемништво

Националната платформа за женско претприемништво организираше Регионален форум на тема Дигитална трансформација и нови можности за женско претприемништво, кој се одржа на 15 Јуни 2022 год. со почеток во 12 часот во Хотел “Double Tree by Hilton” во Скопје.

Техничка и интегрирана заштита на лични податоци

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис во партнерство со Конект, организираше панел-дискусија „Што можеме да направиме за поголема заштита на личните податоци на граѓаните“ која се одржа на 15 Јуни 2022 год. со почеток во 10 часот во Хотел Квинс во Скопје.

 

Справување со дезинформации

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис организираше конференција за Справување со дезинформации, која се одржа на 31 Мај 2022 год. со почеток во 12 часот во Хотел Панорамика во Скопје. Настанот е посветен на градење мулти-секторски пристап за решавање на овој важен проблем преку заеднички ангажман на државните институции, независните медиуми, граѓанските организации, академската заедница и приватниот сектор.

Проект Мрежа Фискаст - парафискални давачки

На покана на Finance Think и Агора, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Работилница со општините, бизнис сектор и невладин сектор за дијалог и оптимизација на парафискални давачки, која се одржа на 26 Maj 2022 год. во Хотел Панорамика со почеток во 10 часот.  Работилницата имаше за цел да помогне во процесот на оптимизација на парафискални давачки.

МАРнет - Средба со регистрари 2022 година

На покана на МАРнет, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на средба со регистрарите која се одржа на 25 Мај 2022 год. во  Ресторанот Де Гама во Скопје, со почеток во 10 часот. На настанот МАРнет дискутираше за теми за кои сметаше дека има интерес од страна на регистрарите и тоа: Општи податоци за домените, Теми кои произлегуваат од Правилникот на МАРнет и Теми предложени од страна на Регистрарите.

     
Syndicate content