МАРнет – Работен состанок

На покана на МАРнет, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на работен состанок со регистраторите кој се одржа на 16 Март 2026 год. во просториите на The Hub by Adeva, со почеток во 12:00 часот. На средбата свое претставување и воведно обраќање имаше директорот на МАРнет, М-р Владислав Бидиков. На состанокот присуствуваа поголем дел од регистраторите, при што беа разгледани темите по предлог на МАРнет, но уште повеќе беа дискутирани размислувањата и тековни проблеми со кои се соочуваат регистраторите при самото работење. На состанокот МАРнет дискутираше за теми за кои сметаше дека има интерес од страна на регистраторите, како општи податоци за домените, теми кои произлегуваат од Правилникот на МАРнет и сите активности кои планираат да ги воведат со цел подобро и поефикасно работење. За Надградба на EPP системот, говореше М-р Ќирил Кироски (ФИНКИ). На крај состанокот заврши со дискусија од сите учесници и следни чекори на МАРнет. Активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.