Женски лидерски дијалог
На покана на МАРнет, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на работен состанок со регистраторите кој се одржа на 16 Март 2026 год. во просториите на The Hub by Adeva, со почеток во 12:00 часот. На средбата свое претставување и воведно обраќање имаше директорот на МАРнет, М-р Владислав Бидиков. На состанокот присуствуваа поголем дел од регистраторите, при што беа разгледани темите по предлог на МАРнет, но уште повеќе беа дискутирани размислувањата и тековни проблеми со кои се соочуваат регистраторите при самото работење. На состанокот МАРнет дискутираше за теми за кои сметаше дека има интерес од страна на регистраторите, како општи податоци за домените, теми кои произлегуваат од Правилникот на МАРнет и сите активности кои планираат да ги воведат со цел подобро и поефикасно работење. За Надградба на EPP системот, говореше М-р Ќирил Кироски (ФИНКИ). На крај состанокот заврши со дискусија од сите учесници и следни чекори на МАРнет. Активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.ангажманот на жените во енергетските заедници и патот кон климатска неутралност до 2050 година. Во воведната дискусија свое излагање имаа Сања Божиновска – Министер во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Даниела Димовска – Директор на Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво и Валентина Дисоска – Претседател на Здружението на бизнис жени. На Панел дискусија дебатираа Проф. д-р Христина Спасевска – Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Анастасија Илиеска – Директор на Сектор за финансиски работи во Мепсо – Директор на Сектор за финансиски работи во МЕПСО, Љубица Јачова – Лиценциран овластен инженер и архитект и Евгенија Крстевска-Рајковска – Еколошки консултант, ЕСГ ПРО ДОО, Скопје. Свое активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.






