Индекс за конкурентност и иновации на Западен Балкан

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) во соработка со Фондација Конрад Аденауер организираа настан Индекс за конкурентност и иновации на Западен Балкан, кој го презентираа денес, 27 Мај 2026 год. во хотел Холидеј Ин во Скопје. Воведни обраќања имаа Марија Ристеска, Извршна директорка на ЦИКП и Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер. На настанот се обратија: Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформација, Златко Перински, Министер за локална самоуправа, Даниел Браун, Фондација Конрад Аденауер, Стивен Езел, ITIF, Јелена Јаневска, NALAS, Марија Ристеска, Извршна директорка на ЦИКП и Кристијан Трајковски, ЦИКП. Настанот ги обедини претставниците на институциите, меѓународните организации, бизнис секторот, академската заедница и граѓанското општество во дискусија за иднината на иновациите, дигиталната трансформација и регионалната конкурентност во Западен Балкан. Клучните наоди од Индексот покажуваат дека нашата држава бележи значајни резултати во високотехнолошкиот извоз, додека Скопје се издвојува како главен центар на иновацискиот екосистем во државата. Истовремено, извештајот укажува на потребата од посилни регионални политики за поддршка на технолошката модернизација, дигитализацијата, продуктивноста и задржувањето на квалификуван кадар. Cвое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.