Промоција на „Компаративна анализа – Извештаи на ЕK"

ЕВРОТИНК – Центарот за европски стратегии и Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) секоја година по објавувањето на Извештајот за Македонија на Европската комисија изготвуваат Компаративна анализа за последните четири извештаи. Оваа година, 2018, двете организации го подготвија деветтото издание на Компаративната анализа која  го опфати периодот 2014-2018. Анализата беше претставена на 19 април 2018 година во хотелот „Холидеј Ин“ помеѓу 11.00 и 13.00 часот.

Претставувањето на Компаративната анализа беше на јавна дебата каде по воведните обраќања на претставниците на граѓанското општество се разговараше за наодите од неколку клучни области од извештајот. Дебата се насочи кон прашања, како што се: 1) Демократија и владеење на правото; 2) Економски развој и економски критериум; и 3) Улогата на граѓанското општество и иднината на процесот на пристапување. За извештајот  зборуваа  Н.Е. г. Бујар Османи, Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски интеграции, г. Љупчо Петковски, ЕВРОТИНК –Центар за европски стратегии, г-ѓа Фани Каранфилова-Пановска, Фондација Отворено Општество – Македонија, г. Андреја Стојковски, ЕВРОТИНК –Центар за европски стратегии.