Прв Национален Самит - Национална платформа за женско претприемништво

Првиот  Годишен Самит за женско претприемништво, што се одржа на 18-19 Ноември 2021 год.  во хотел Александар Палас, Скопје, беше во организација на Националната платформа за женско претприемништво. На свеченото отвoрање на Самитот на кој присуствуваа над 100 претприемачки од земјава зборуваа Фатмир Бетиќи, Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економски ресорси и инвестиции, Крешник Бектеши, Министерот за економија, Julian Vassallo, заменк шеф на делегацијата на ЕУ,  Данела Арсовска, Градоначалник на Град Скопје и Валентина Дисоска, Претседател на Националната платформа за женско претприемништво.

На првиот ден од Годишниот Самит за женско претприемништво, беа доделени за прв пат и Награди за најуспешните претприемачки во мали и средни компании под институционално покровителство на Министерството за економија. Во текот на денот се одржаа и две панел дискусии на кои зедоа учество еминентни личности од земјава и странство, меѓу кои и Извршната директорка Габриела Костовска Богоеска на Фондација за менаџмент и индустриско истражување, а се одржаа и Б2Б средби меѓу жените претприемачки кои се важен фактор во вмрежувањето и поттикот за развој на бизнис светот на жените. На вториот ден од одржувањето на Првиот Самит, во Третата Панел дискусија на тема: “Програми и инструменти за финансирање на женското претприемништво” панелисти беа: Тања Илијевска, Раководител на Секторот за стратешко планирање, анализа и програми за поддршка на приватен сектор во Фонд за иновации и технолошки развој, Јумин Адеми, државен советник за претприемништво и конкурентност на малите и средни претпријатија во Министерство за економија, Гоце Георгиевски, раководител на сектор за рурален развој во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Маја Столевска-Костадиновск, Регионален координатор од Меѓународен совет за Западен Балкан во ЕБРД и Игор Андреев, Аксцелератор, директор на Центарот за истражувања во Вардарскиот плански регион. На вториот ден од Самитот имаше и корисни работилници за финансиски менаџмент чиј обучувач беше Горан Зафировски, како и Игор Маџов, обучувач за Стартап компании, пристап до финансии, клучни теми од интерес за претприемачките. На настанот активно учествуваше и НЕКСТ-ЕМ дооел.