Поттикнување на социјалните права
Институтот за европска политика – ЕПИ, организираше презентација на извештајот за темелните права на Агенцијата за темелни права на Европската унија за 2022 година, која се одржа на 29 Јуни 2022 год. со почеток во 10 часот, во Хотел “DoubleTree by Hilton” во Скопје. Како дел од ФРАНЕТ, ЕПИ трета година по ред го изработува придонесот кон годишниот извештај за темелни права на Агенцијата.
Воведни обраќања имаа заменикот министер за правда, г-дин Агим Нухиу и директорката на Институтот за европска политика – ЕПИ, г-ѓа Симонида Кацарска, како и Горан Милетиќ од Србија, претставник на Бранители на човековите права. Покрај презентацијата на наодите, панелистите дискутираа и за главниот тематски фокус на овој извештај – влијанието на пандемијата врз социјалните права. На панел дискусијата со свое излагање се обратија г-ѓа Билјана Котевска, г-ѓа Несиме Салиоска, г-ѓа Гордана Лажетиќ и г-ѓа Александра Богдановска, при што модератор беше г-ѓа Уранија Пировска. На покана на ЕПИ, свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.