МАСИТ Конференција: Дигитална трансформација во Македонија – предизвик или реалност?

На покана на МАСИТ, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на конференцијата „Дигитална трансформација во Македонија: предизвик или реалност“, коja  се одржа на 27.09.2018 (четврток), во хотел Александар Палас, Скопје, со почеток од 11:00 часот.

Конференцијата имаше за цел да опфати и дискутира теми и прашања од областа на: Internet of things, Security и Cloud Computing.
МАСИТ по петнаесетти пат традиционално ја организира својата годишна конференција, како успешен собир на сите ИКТ чинители од земјата а и регионот, и во рамки на истата, присутни беа  учесници: претставници од домашните ИКТ компании и компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници од државни институции и Министерства, претставници на донаторската заедница, професори и претставници на универзитетите кои образуваат ИКТ кадар, медиуми и други. Свое учество имаа Анита Никова, Извршен директор на МАСИТ, Горан Попоски, Претседател на Управен Одбор на МАСИТ, Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, Вилем Ваутер Пломп, Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија, Франк Зервос, Директор продажба и консалтинг,- Оракл, ЦИЕ”Дигитална дисрупција и иновација – иднината е сега…