Конференција 2024

Институтот за комуникациски студии (ИКС) ја организираа конференцијата „Како да комуницираме за животната средина во растечката еколошка криза: практични искуства и нови перспективи“. Настанот се одржа на 27 Март (среда) 2024 година со почеток во 09:30 часот во хотел Холидеј Ин, Скопје. На конференцијата, домашни и странски говорници зборуваа за нивните специфични аспекти и искуства и понудија нови перспективи и приоди за комуникацијата за животната средина. Комуникацијата за животната средина помага да се влијае врз јавното мислење, промена на однесувањето, застапување за политики и донесување закони. Таа овозможува граѓаните да ги разберат еколошките проблеми и загриженоста за животната средина и климатските промени, како и да се вклучат во зачувувањето на природните ресурси. Во време на растечка еколошка криза, граѓанските организации и инцијативи, академскиот сектор, бизнисите и јавните институции треба сè повеќе да превземаат одговорност за своите постапки и да комуницираат за животната средина. Имаше две сесии, во првата сесија се зборуваше за успешна комуникација и увид во практични искуства, за (не)искористените можности како и за зајакнување на младинскиот активизам и едукација во животната средина. Во втората сесија се зборуваше како со ефективна комуникација да изградиме климатски отпорни заедници, компаниите подобро да се позиционираат со ESG принципите, a улогата на поединците да се зајакне преку новинарството, социјалните медиуми и инфлуенсерите. Конференцијата ја организира Институтот за комуникациски студии (ИКС), а е финансиран од програмата ЕРАЗМУС+. На покана на ИКС, на настанот свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.