Конференција „Пари, Медиуми и Избори”

Фондација Метаморфозис организираше настан „Пари, Медиуми и Избори“ кој се одржа на 28-29 Октомври 2024 година со почеток од 10 часот во сала Милениум I во Хотел Холидеј Ин, Скопје. Овој дводневен настан собра на едно место експерти, политичари и претставници на граѓанското општество за да ја истражат интеракцијата помеѓу парите, медиумите и политиката во изборниот процес. Клучни теми на кои што се осврнаа се предизвиците на платените политички реклами, мониторингот на интернет порталите за време на изборните кампањи и споредбата на практиките на политичко финансирање во изборна кампања со европските стандарди. Учесниците добија вредни информации за прикажувањето на жените и родовата еднаквост на интернет порталите, како и улогата на социјалната инклузија во изборната кампања. Учесниците имаа можност да учествуваат во сесии за теми поврзани со интернет портали за време на изборна кампања како платени политички реклами, мониторинг и родова и социјална инклузија на изборите. Оваа конференција е финансирана од Британската амбасада во Скопје. Свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.