Конференција за женско претприемништво и пристап до капитал

Конференцијата, која се одржа на 03.03.2020 год (вторник), во хотел „Порта“ во Скопје, со почеток во 10:00 часот, имаше фокус за поддршката на женското претприемништво во државата и регионот, вмрежување на жените претприемачи на регионално ниво и презентација на мерките за пристап до финансии што се нудат во нашата држава, при што свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.

Women in Adria- интернет платформа за поддршка на женското претприемништво и промоција на успешни бизнис приказни беше презентирана од Ивана Матиќ, директорка на мрежата на жени претприемачи во Хрватска и сопственик на веб порталот Women in Adria. Покрај Матиќ, на настанот  се обратија и неколку успешни жени претприемачи и сопственички на развиени бизниси. За пристапот до финансии што се нуди во нашата држава говореа претставници на: Европска банка за обнова и развој, Министерство за економија, Фонд за иновации и технолошки развој, Комерцијална Банка АД Скопје, Агенција за поддршка на претприемништвото,  и Штедилница „Фулм“. Настанот е дел од проектот „Women in Adria и CEED Hub за поддршка на женското претприемништво во Македонија“, кој е поддржан од Министерство за економија, од мрежата на жени претприемачи – Women in Adria во Хрватска, додека во нашата држава имплементациски партнер е ЦЕЕД Хаб Скопје.