Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина
Конференција на тема “Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина“ организирана од Амбасадата на Р. Италија и ITA- Italian Trade Agency Skopje, во рамките на Italian Design Day, се одржа на 23 март, среда, со почеток во 10.00 часот, во хотелот Александар Палас Скопје.
Конференцијата ја отвори Амбасадорот на Р. Италија Н.Е. Андреа Силвестри и Проф. Д-р Огнен Марина, Декан на Архитектонски факултет во Скопје. Овогодинешното, 6-то издание на Italian Design Day, имаше за цел да ги престави новите технологии за подобрување на квалитетот на животот во урбаните средини, “зелени“, “смарт“ и иновативни решенија за урбан транспорт, управување со сообраќајот,максимизирање на енергетската ефикасност и заштита на животната средина. За таа цел, најеминентните италијански компании се претставија со своите производи и технологии, како Ивеко – г-дин Андреа Чиоми, Енеа – г-дин Андреа Лазари, Систематика – г-дин Џовани Ботини и Саче – г-дин Озгур Дурал. На конференцијата свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.