Дигитализација во претприемништво
Европската бизнис асоцијација организираше конференција Дигитализација во претприемништво која се одржа на 20 ноември 2019 год. во City Hall, Скопје, во рамки на Европската национална недела на мали бизниси.
Преку информативна дискусија настанот го отворија Катерина Бошевска, претседател на ЕБА, која зборуваше за предизвиците на компаниите кои ги носи дигитализацијата, Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации и технолошки развој, кој се надоврза за поддршката која ФИТР ја дава на претприемачите, и Марко Тодоров, раководител на сектор за локален економски развој на Град Скопје, кој ги најави следните чекори кои ќе го направат Скопје паметен град. Првата Панел дискусијата модерирана од Владимир Ристевски на тема „Како до брз раст со помош на дигитален маркетинг?“ на која Аријана Коскарова, Лира Џокиќ, Владимир Вецовски и Драган Јосифовски зборуваа за можностите кои ги нуди дигиталниот маркетинг и како македонските компании го користат за да дојдат до посакуваните клиенти и резултати. На вториот панел модериран од Сергеј Зафироски, „Електронска трговија: Иднината на македонските фирми за излез во светот“ панелистите Марина Антова, Крис Поповски, Огнен Огненовски и Виктор Стојкоски пренесоа заедничка порака, е-трговија е иднината за која мора да бидеме подготвени. И на последниот панел „Оствари го твојот сон: Како до финансирање на твојата иновативна идеја“ модериран од Игор Маџов учесниците Ненад Чубриновски, Владимир Кечовски и Тања Илијевска зборуваа за можностите за финансирање на иновативните македонски стартапи. Свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.