Kонференција за промовирање на конструктивниот капитал

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје организираше конференција за промовирање на конструктивниот капитал која претставува завршен настан на проектот Адресирање на корозивниот капитал, поддржан од Центарот за меѓународно приватно претпријатие (CIPE). Конференцијата се одржа на 6 Октомври 2020 год. во Хотел Хилтон, со почеток во 10.30 часот.

Настанот го отворија Ивана Најдоска, програмски директор во Институт за демократија, Џон Кај, програмски офицер за Европа и Евроазија во Центарот за меѓународно приватно претпријатие (CIPE) и Јарек Бус, економски директор во Амбасадата на САД. На конференцијата се обрати и Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции. Во воведните обраќања се говореше за воспоставувањето на Механизмот на странските директни инвестиции кој е од големо значење, за корозивниот и конструктивниот капитал, дека корозивниот капитал се инвестиции на кои што им недостасува транспарентност, отчетност и добро владеење и има ефект на подривање на владеење на правото во земјата. Но се говореше и за инвестицискиот скрининг, кој е преземање одговорност за иднината и кога тој ќе се имплементира успешно, ќе покаже одлучност за приоретизирање на долгорочниот просперитет наместо краткорочната удобност, а истовремено преставува знак за политичка зрелост и одговорно владеење. Фатмир Битиќи пак истакна дека треба да се спроведат сите реформи кои следат, но и дека нив треба да ги следи промена на навиките и свеста на сите во општеството. На првата панел дискусијата се зборуваше за „Механизмот за проверка на странски директни инвестиции – Зошто и како?“. На втората панел дискусија се зборуваше за  „Демократија што испорачува: Промовирање на конструктивен капитал во југоисточна Еверопа“.  Последната панел дискусија беше за „Замки и предизвици: Како да се интегрираат компаниите во европските синџири на снабдување?“. Свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.