GIST - Регионален Стартап демо ден

Глобални иновации преку наука и технологија – GIST и Стартап Македонија  организираа настан, регионалниот стартап демо ден кој се одржа на 16 Мај 2019 год. во Хотел Холидеј Инн во Скопје. На настанот свое учество имаа претставници од повеќе земји и тоа од Албанија, Ерменија, Украина, Косово, Босна и Херцеговина, Белорусија, Грузија, Црна Гора, Србија, Азербејџан и Македонија.

На демо денот, тие имаа можност да ги претстават своите иновации пред јавноста и престижни судии. По претставувањето  се одбра најдобрата иновација. Свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.