Свечена промоција на „м.Услуги“

На покана на Министерството за дигитална трансформација, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на свечена промоција на мобилната апликација „м.Услуги”: услугите на државата во мобилниот телефон, која се одржа на 28 Октомври 2026 година со почеток во 12:00 часот, во Македонската филхармонија во Скопје. На свечената промоција свои обраќања имаа Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија, Министерот за Дигитална трансформација Стефан Андоновски како и Премиерот Христијан Мицкоски. Оваа иницијатива е дел од пошироките заложби на Владата за модернизација на јавната администрација, унапредување на квалитетот на јавните услуги и обезбедување поедноставен, поефикасен и подостапен пристап до дигиталните услуги за сите граѓани. Со воведувањето на „м.Услуги” се отвораат нови можности за поедноставен и полесен пристап до електронските јавни услуги и дигиталните документи. На промоцијата беа претставени функционалностите на апликацијата, вклучително и електронските верзии на личната карта и возачката дозвола, како значаен чекор кон развојот на дигиталниот паричник.