AEK – Second Public Meeting for 2025
На покана на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР), НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Националниот натпревар за научна комуникација кој се одржа на 06 Мај 2026 год. во Јавна Соба, со почеток во 11 часот. Националниот натпревар за научна комуникација е во рамки на проектот STREAM-IT. Настанот ја заокружува менторската програма посветен на развој на вештини за научна комуникација кај студенти и млади истражувачи од различни STEM области. Овој настан претставува финална фаза од програмата, во која учесниците, со поддршка од своите ментори, ги презентираа своите истражувања и идеи пред жири-комисија и публика, со фокус на јасна, разбирлива и ефективна научна комуникација. Емилија Андонова, програмски менаџер, и Миа Ботинова Димитрова, комуникациски офицер од @Foundation for Management and Industrial Research, го претставија проектот Project Stream It и менторската програма, давајќи краток преглед на програмата, менторите, жири-комисијата и критериумите за евалуација. Настанот започна со воведно излагање од проф. д-р Звонко Пацаноски (Земјоделски факултет – Скопје), со јасна порака, науката треба да се комуницира така што ќе се разбере. Токму на тоа се фокусира овој натпревар – да поттикне нова генерација која знае не само да создава знаење, туку и да го споделува на начин што инспирира.








