6. Македонско-Германски Форум

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со AHK Nordmazedonien и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ го организираа 6. Македонско-германски форум “Европската економија под притисок по руската инвазија во Украина”. Форумот се одржа на 2 ноември 2022 година, (среда) во Ресторан Рагуза 360 Rooftop, Скопје.

Овој форум имаше за цел да даде приказ на актуелната економска ситуација, но и да понуди предлози за предизвиците со кои се соочува македонската и европската економија. Настанот беше отворен од страна на Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Патрик Мартенс, Директор на Делегација на германското стопанство во Македонија, Зоран Нечев, раководител на Одделот за ЕУ интеграции при Институтот за демократија и Н.Е. Анке Холштајн, Амбасадорка на СР Германија во Македонија. На панел дискусијата на форумот свое мислење дадоа и Дитер Алтхаус, потпретседател при Магна Европа задолжен за владини прашања, Чичевски како замена на Велико Желев, Претседател на Одборот на директори при Хидрострој АД, Тим Петер, советник за конкурентност во Европа при фондацијата Конрад Аденaуер, Виктор Мизо, генерален директор на Костал, Павлина Здравева, експерт за животна средина и Јоханес Хајдекер, советник во кабинетот на премиерот на Република Македонија. Форумот беше модериран од Никица Мојсоска Блажевски, Македонија 2025, Главен извршен директор. На покана на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.