Женски лидерски дијалог

Во организација на Здружението на бизнис жени, на 06 март 2026 година, во Хотел Солун, Скопје, со почеток од 10 часот, се одржа инспиративна конференција каде што гласот на жените станува движечка сила за чиста енергија и климатска неутралност. Под мотото „Од креирање политики до имплементација“, се собравме за да го поттикнеме ангажманот на жените во енергетските заедници и патот кон климатска неутралност до 2050 година. Во воведната дискусија свое излагање имаа Сања Божиновска – Министер во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Даниела Димовска – Директор на Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво и Валентина Дисоска – Претседател на Здружението на бизнис жени. На Панел дискусија дебатираа Проф. д-р Христина Спасевска – Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Анастасија Илиеска – Директор на Сектор за финансиски работи во Мепсо – Директор на Сектор за финансиски работи во МЕПСО, Љубица Јачова – Лиценциран овластен инженер и архитект и Евгенија Крстевска-Рајковска – Еколошки консултант, ЕСГ ПРО ДОО, Скопје. Свое активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.