Дводневен SCALEUP БУТКАМП 2025
На покана на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, НЕКСТ-ЕМ дооел учествуваше на дводневен настан ScaleUP Буткамп 2025: буткамп за финансирање, дигитализација и раст на скејл-ап претпријатија, кој се одржа на 13 и 14 Ноември 2025 година, во Јавна соба во Скопје. Настанот овозможи интерактивни сесии, експертски презентации и студии на случаи, со цел учесниците да најдат практични решенија за своите предизвици, односно компаниите да се подготвени да го унапредат својот раст преку технологија, иновации и паметно финансирање. За време на буткампот, учесниците имаа можност да се запознаат со тоа, како да користат податоци и вештачка интелигенција за подобро донесување одлуки, како да изградат култура на дигитална иновација во компанијата и како да го задржат балансот меѓу брзината и стабилноста при раст. Имаше и преглед на најновите технологии: вештачка интелигенција, blockchain и IoT, техники за ко-креирање, брзо прототипирање и Design Thinking и подготовка и презентација на успешен инвеститорски пич. Настанот беше организиран од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, во соработка со Enterprise Europe Network Macedonia и проектот Policy Answers. Овој настан е во согласност со препораките и приоритетите утврдени во ТвинТек Конект 2025 Комунике, во кое е нагласена потребата од зајакнување на дигиталните капацитети, унапредување на иновациската култура и поттикнување на соработката меѓу различни актери во екосистемот, како предуслов за понатамошен развој и премин кон Индустрија 4.0.





