Техничка и интегрирана заштита на лични податоци

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис во партнерство со Конект, организираше панел-дискусија „Што можеме да направиме за поголема заштита на личните податоци на граѓаните“ која се одржа на 15 Јуни 2022 год. со почеток во 10 часот во Хотел Квинс во Скопје.

На панелот се дискутираше нешто повеќе за системот за заштита на лични податоци во ЕУ и во земјата, за планираните активности во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на лични податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“ и можностите за вклучување во проектот. Покрај тоа, учесниците  имаа прилика и да ги споделат своите ставови и искуства поврзани со заштитата на приватноста и на личните податоци. На панелот воведно обраќање имаше г-дин Елвис Али, претставник од Делегацијата на Европска Унија. Активно учество на панел дискусијата имаше и г-ѓа Емилија Гиноска од Агенција за заштита на лични податоци, како и претставници од Фондацијата Метаморфозис, г-ѓа Весна Радиновска и г-ѓа Никица Кусиникова од Конект. На покана на Метаморфозис, свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.