Состанок со претставници на HYBSYS
Менаџерскиот тим на НЕКСТ-ЕМ дооел оствари средба со менаџерскиот тим на бугарската компанија HYBSYS на која беше разговарано за проширувањето на соработката и зголемувањето на присутноста на дел од брендовите од областа на ИП телефонијата во Македонија.
На средбата беа разменети искуствата околу досегашните проекти за ИП телефонија како и можноста за присуство на македонскиот пазар на двата најпознати прозводители на ИП телефонски картички – Digium и Sangoma, како и на светскиот бренд за ИП телефони – Polycom.