САМИТ 2022 - Инспиративна иднина
Вториот Годишен Самит за женско претприемништво со наслов Инспиративна иднина, што се одржа на 17-18 Ноември 2022 год. во Raguza Rooftop 360, во Скопје, беше во организација на Националната платформа за женско претприемништво.
На свеченото отвoрање на Самитот зборуваа Елисабета Георгиева – претставник од Делегацијата на ЕУ која е подржувач и кофинансиер на овој голем и значаен Проект, Зоран Маневски –Заменик Министер за економија од Министерството за економија, Сања Лукаревска – Директор на Управа за јавни приходи, голем подржувач на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска – претседателката на Националната платформа за женско претприемништво и претседателка на Здружението на бизнис жени, Габриела Костовска Богоеска – Извршната директорка на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР, партнер во Проектот и Трајан Ангелоски – претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, исто партнер во Проектот. Се доделија и наградите за најуспешните жени претприемачки во 2022 година , на Вториот Самит под модераторство на Ана Зафирова. Имаше и три панел сесии и тоа, Панел 1 – Локални достигнувања во креирање на политики за развој на женско претприемништво, Панел 2 – Меѓународни искуства успешни приказни во поддршка на женското претприемништво и Панел 3 – Добри практики за интернационализација на бизнисите водени од жени. На вториот ден на Самитот беа претставени препораки за политики за дигитализација и пристап до финансии, при што зборуваше Емилија Андонова – Проектен координатор во МИР и го претстави Барометарот на НПЖП за 2022 година, кој е своевиден показател на потребите на жените претприемачки, приказ на состојбите и насоки за понатамошно делување. Имаше и Панел 4 – Младите и претприемништвото, можности и предизвици како и две работилници, за Финансиски менаџмент и Обезбедување финансии/односи со инвеститори. По завршување на богатата и исцрпна дискусија по сите дадени теми, со Заклучоци на претседателката Валентина Дисоска, заврши дводневниот Втор Самит за женско претприемништво. На настанот активно учествуваше и НЕКСТ-ЕМ дооел.