Пуштена новата верзија на македонскиот сервис за блогови - БЛОГЕРАЈ

Како специјална новогодишна честитка НЕКСТ-ЕМ дооел за потребите на ОН.НЕТ ја лансираше подобрената верзија на сервисот за блогови во Македонија – БЛОГЕРАЈ.

Новата верзија ќе им понуди на корисниците многу нови опции, а како најголем бенефит е преоѓањето на платформата кон познатиот WordPress како и можноста за едноставна миграција на старите блогови кон новата платформа.