Промоција на две анализи за перформансите на АВМУ и АЕК
На покана на Евротинк, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Презентацијата за четвртиот мониторинг извештај за работата на АВМУ (Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги) и АЕК (Агенција за електронски комуникации) и анализата „Поставеноста, перформансите и предизвиците во работењето на АЕК“ во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“ која се одржа на 08 Ноември 2019 год., петок, во Дневна Сала во х. Холидеј Ин, во Скопје, со почеток во 10:30 часот.
На овој настан говореа Горан Лазаров, проектен координатор, ЕвроТинк – Центар за европски стратегии и Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар со Презентација на наоди од Четвртиот периодичен мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК, Драган Секуловски, Извршен директор на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за Какво ќе биде влијанието на предвремените парламентарни избори врз медиумските реформи, Д-р. Даниела Мамучевска, универзитетска професорка на Економскиот факултет во Скопје при УКИМ, Д-р. Весна Василева, од областа на стратегиски менаџмент на перформанси за Презентација на анализата „Поставеноста, перформансите и предизвиците во работењето на АЕК“. Проектот е поддржан од Британската Амбасада во Скопје.