Презентација на вториот периодичен мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК
Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, имаа презентација на вториот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“.
Презентацијата се одржа на 27 февруари (среда) 2019, во хотел Холидеј Ин, во Скопје, сала Скала, со почеток во 11:00 часот. На овој настан, говореа, Панел: Годишни планови и програми на регулаторните тела за 2019 година
– Снежана Трпевска, специјалист за медиумско право и политики;
– Герман Филков, претседател на Центар за граѓански комуникации.
Презентација на наоди од вториот периодичен мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК имаа Марјан Степановски од Евротинк, Билјана Бејкова, Извршна директорка на НВО Инфоцентар. Модератор беше Владимир Мирчески, новинар. Проектот е поддржан од Британската амбасада во Скопје.