Поттикнете го иновативниот потенцијал во компанијата
На 24.11.2018 година, од 10:00 до 12:00 часот во Јавна Соба, Скопје, во склоп на Skopje Design Week 2018, Solveo и Innothink организираа 2 часовна работилница за поттикнување на иновативниот потенцијал на Македонските компании, каде свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ.
Со цел да се имплементираат иновации во компанијата и успешно да се создадат нови производи или услуги, неопходно е првично да се воведе нова перспектива и нов начин на размислување. Преку оваа двочасовна практична работилница, со користење на методот ‘Design Thinking’ се откриваат нови начини и алатки кои помагаат да се донесе иновации во компанијата. Design Thinking е иновативен метод кој го трансформира начинот на нашето секојдневно работење. Тоа е креативен процес кој запознава со нови решенија базирани на потребите на корисниците.