Обука за интернационализација на бизниси

На покана на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР), НЕКСТ-ЕМ дооел учествуваше на обука за интернационализација на бизниси, специјално дизајнирана за жени претприемачки, која се одржа во Хотел Солун, Скопје на 18 Јуни 2024 год. Oбуката е дел од проектот „WE GO INTERNATIONAL & INCLUSIVE” имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР). Оваа активност е дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансиран од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и имплементиран од Консалтинг за стратешки развој. Обуката ја водеше Михаил Китановски, Генерален директор на D2EM Consulting, експерт за интернационализација и синџири на вредност. Во одлична атмосфера, жените претприемачки имаа шанса да стекнат нови знаења за методи и алатки за интернационализација, стратегии за проценка на пазарот и тактики за преговарање со потенцијални деловни партнери, како и да се поврзат со колешки претприемачки и да разменат искуства. Со поддршка на г. Михаил Китановски тие имаа можност да изработат и сопствен бизнис план за интернационализација. Интернационализацијата на бизнисите е клучна во денешниот глобализиран свет. Оваа обука е специјално дизајнирана за жени претприемачки кои ќе стекнат знаења и алатки кои им се потребни за успешно да се вклучат и да напредуваат на глобалниот пазар. Затоа, на обуката се говореше за клучни прашања од областа како: Методи и алатки за интернационализација, Стратегии за проценка на пазарот, Тактики за преговарање со потенцијални деловни партнери и Деловна комуникација со потенцијални партнери.