Национален форум
На покана на Цивика мобилитас, НЕКСТ-ЕМ дооел имаше свое присуство на Националниот форум кој се одржа на 15 Ноември 2024 год. во хотел Холидеј Ин, а во организација на Цивика мобилитас во соработка со Владата. На форумот поздравно обраќање имаше амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман, а главни говорници на настанот беа: Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Александар Кржаловски, лидер на тимот на Цивика мобилитас; и Игор Јанушев, генерален секретар на Владата. Покрај нив, со претставниците на граѓанските организации дебатираа и: Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање; Весна Јаневска, министерка за образование; Златко Перински, министер за локална самоуправа; Зоран Љутков, министер за култура; и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација. НЕ Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, се осврна на поддршката на Владата на Швајцарија за граѓанското општество и истакна дека покрај постигнувањата, остануваат уште предизвици. Амбасадорката истакна дека заедничкото надминување на овие предизвици ќе придонесе да се воспостават неопходни услови за граѓанското општество да стане кредибилен партнер на државата. Премиерот на Владата на Христијан Мицкоски во своето обраќање истакна дека е убеден дека во дијалог со граѓанските организации
може да се носат поквалитетни одлуки за промени во општеството. Тој додаде и дека меѓу овој и следниот настан треба да се спроведат активности кои ќе се договорат. Подобрувањето на довербата меѓу Владата и граѓанските организации и во општеството генерално е едно од клучните прашања според Александар Кржаловски, лидер на тимот на Цивика мобилитас.