Модели на отчетност во безбедносниот систем
Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис во соработка со IFEX- глобална мрежа за заштита и промоција на слободата на изразување спроведува активности за развој на методологија за мониторинг на надзорот/следењето како дел од безбедносниот систем во државата. Во две сесии, претставници на институциите, академската заедница и граѓанскиот сектор дискутираа за реформите во областа на националната безбедност и следењето на комуникациите како интегрален дел од националната безбедност.
На настанот свое учество имаа Магдалена Лембовска – Евротинк, Кебир Авзиу – Правен факултет Тетово, Марјан Ѓуровски – Факултет за безбедност Битола, Александар Николов – Зенит, Андреј Петровски – Share Foundation, Ице Илијевски – Совет за граѓански надзор, Зоран Ангеловски – ОТА, како и модераторите Елена Стојановска и Филип Стојановски. Настанот се одржа на 22.10.2019 год. во ТЦЦ Гранд Плаза со почеток во 9 часот. Свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.