Меѓународен симпозиум

Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС го организираа меѓународниот симпозиум „Да си го вратиме просторот за дигитални информации“ како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост, кој се одржа на 23 Февруари 2023 год. во Хотел Александар Палас,  Скопје со почеток во 09:30 часот. ИКС го организираше симпозиумот за да отвори дискусија за тоа како медиумската и информациската писменост може да помогне да се стекне доверба во медиумите, но и да се научи да се користат нови медиумски алатки за да влијаат на позитивните општествени промени. Говорниците (академици, млади активисти, експерти во областа, и истражувачи од САД, ЕУ и Западен Балкан) ги истакнаа различните пристапи за проучување на клучните прашања за медиумската писменост. Настанот со воведни обраќања го отворија директорката на ИКС, Жанета Трајкоска и претставникот на УСАИД, Џери Дајбл. Симпозиумот имаше 3 панел дискусии, и тоа Панел I: Да си го вратиме назад просторот за дигитално информирање, Панел II: Дали образованието за медиумска писменост може да држи чекор со „алгоритамот“? и Панел III: Како дигиталните медиуми водат кон општествени промени. Во склоп на настанот имаше и Работилница за дигитална безбедност за млади. На настанот свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.