МАСИТ – Ден на иновации
Во организација на МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии и Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија на 12 Декември 2012 год. во просториите на Хотел Александар Палас, се одржа конференцијата “Ден на иновации”.
На покана на МАСИТ, која со задоволство ја прифатија, присуствуваше и менаџерскиот тим на НЕКСТ-ЕМ дооел.
Присутните гости на овој настан имаа можност да проследат панел дискусија на тема “Иновации” каде говорници беа претствници од бизнис секторот на Р. Македонија, академската како и владината заедница, претставување на одредени проекти – најдобри практики на тема иновации од странските компании како T- лаб, Германија, КИБУ – Унгарија како и успешно спроведени проекти и програми на одредени македонски чинители од ИКТ индустријата.
На самиот настан официјално беше претставен и повикот за Innovation Partner Competition од страна на Македонски Телеком, со помош на кој ќе бидат поддржани и реализирани иновациски проекти.
Во рамки на овој настан беше одржана и Годишната конференција за бизнис корисници, како присутните компании би размениле искуства, контакти и можност за понатамошна соработка.