Македонски Економски Самит 2015 - Македонија 2025

На покана на Македонија 2025,  НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на настан, кој се одржа од 18 до 20 Ноември во хотелот Александар Палас. Беше организиран за да вклучат поголем број млади професионалци во дискусијата за економскиот развој. Целта беше да ја инспирира публиката да размислува во насока на бизнис, развој на лидерство и верба со сопствените можности.

Македонија 2025 особено се гордее со фактот што повеќе од 400 луѓе присуствуваа на настанот и ја искористија можноста да соберат важни совети од говорниците. Се надеж дека тоа што го кажаа Мајк Зафировски, Џим Дан, Др. Ичак Адиџес, Лу Наумовски, Соња Шмуц и останатите, ќе  инспирира да се постават  добри цели  и истите да се остварат.

Во денешниот свет на хиперповрзување и слободен проток на информации, вклучувајќи и знаење, за човек да ја реализира својата идеја потребно е да каже „можам“! Луѓето што зборуваа на Разговор со Лидерите исполнуваат улоги што бараат голема одговорност и високо ниво на професионализам. Ова се луѓе што создаваат работни места, развиваат градски инфраструктури, започнуваат компании, ја подобруваат културата во организации и развиваат технологии. А сепак, секој од нив е приземјен и достапен за секого! Затоа, без разлика колку  е голема или мала  идејата, треба да се оствари затоа што не е сеедно, затоа што е важно!