Конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“

Петнаесетти пат по ред Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис ја организира меѓународната конференција „е-Општество.мк“. Конференцијата се одржа на 27 и 28 Ноември 2019 год.во Хотелот „Холидеј ин“ во Скопје од 10:00 до 15:00 ч., при што свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. Конференцијата е завршен настан на четиригодишниот проект ACTION SEE (Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа) во кој 7 организации од Западен Балкан и Обединетото Кралство ги соединија своите напори за промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на властите во регионот на Југоисточна Европа.

Основната цел на проектот е да се зголеми вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во процесите на донесување одлуки и креирање на јавното мислење и политики, како и да се зголеми капацитетот на граѓанските општества за решавање на чувствителни проблеми. На конференцијата присуствуваа  претставници на институции од Западен Балкан, граѓанското општество и медиумски организации, како и поединци од регионот на Западен Балкан. На настанот, во повеќе одделни сесии дебатираа и дискутираа претставници на институциите, медиумските организации и граѓанскиот сектор. Во рамки на конференцијата се одржаа и повеќе работилници.