Конференција „Како институциите се справија со одливот на мозоци 2013-2020?”
Конференцијата се одржа на 21 Октомври (среда) во Рагуза Руфтоп 360 во Скопје, со почетокот од 12.00ч. На конференцијата беше претставена мониторинг анализата на Националната стратегија за вмрежување, соработка и спречување на одливот на високо образовни и стручни кадри 2013-2020, како и генерирање на препораки за изработка на нова стратегија. Настанот со поздравно обраќање го отвори Илија Станковски – Програмски директор на ЛЕАД, додека презентациите беа претставени од Оливер Андреевски и Марјан Ицоски.
На панелот за тоа какви политики ни се потребни за намалување на одливот на мозоци, свое излагање имаа Милан Живковиќ – советник за труд и социјална политика во кабинетот на премиерот, потоа Тимчо Муцунски – пратеник и Дарко Каевски – пратеник. Модератор на панелот беше Анита Николовска. Иако високо на агендата на сите политички актери, мерките за намалување или се непостоечки или се нереализирани. На настанот поканети да земат учество беа претставници од државни институции, релевантни за прашањето со „одливот на мозоци“ од нашата земја, како и претставници на граѓански организации, меѓународни институции и индивидуалци кои поседуваат искуство во наведената област. Свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.