Конференција: Граѓанска иницијатива за промена на закони

Фондацијата за демократија на Вестминстер и Високата школа за новинарство и односи со јавноста организираа конференција која  се оддржа на 27 февруари (вторник) од 10:30 – 12:15 часот во Х. Александар Палас во Скопје.
Темата е соработката меѓу Собранието и граѓанските организации, особено од аспект на законодавни иницијативи кои се однесуваат на различни човекови права, а се поттикнати од самите граѓани.

Настанот со воведно обраќање го отвори Емил Атанасовски, Директор на Фондацијата за демократија на Вестминстер. На настанот свои излагања  имаа  Гордан Георгиев како поранешен пратеник, Ања Босилкова-Антовска, Вилсон Македонија – Здравствена заштита за пациенти со ретки болести, Благица Димитровска, Инклузива – Политика за социјална инклузија на лицата со попреченост и  нивните семејства, Мирослав Драганов, Институт за човекови права – Измени за правен систем без дискриминација и Симона Младеновска, Џеф-Македонија – Санкции за говор на омраза во медиумите. Излагања имаа и Ивана Туфегџик и Павле Богоевски како актуелни пратеници во Собранието на РМ. Денеска ги претставија резултатите, но и предизвиците со кои се соочуваат при адресирањето на недостатокот на дијалог меѓу Собранието и граѓанските организации. И покрај многубројните препреки кои се надминале и кои се тековни, има скромен прогрес во соработката меѓу граѓаните и Собранието, и во најмала рака препознавање на потребата за измена на конкретните закони од страна на институциите. Граѓанските организации со кои е работено изминатите 2 години, продолжуваат со барањето на измена на законите во насока на реално адресирање на проблемите на граѓаните. Конференцијата е завршен настан на проектот “Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права”. Проектот е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (EIDHR).