Заштита на приватноста во дигиталната ера
Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис ја организираше конференцијата „Заштита на приватноста во дигиталната ера: во потрага по заеднички решенија“ со поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, спроведуван од Фондација Метаморфозис и Здружение Конект, која се одржа на 19 Октомври 2023 год. во хотел Арка во Скопје со почеток во 10 часот, при што свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. Со свои поздравни говори, конференцијата ја отворија Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација, Мариа Канелополу, Прв советник во Делегацијата на Европска Унија, Леонора Кадрији, генерален секретар на Агенцијата за заштита на лични податоци, Бардил Јашари, извршен директор на Фондација Метаморфозис и Никица Кусиникова, извршна директорка на Здружение Конект. Учесниците на конференцијата имаа можност да дискутираат и да дознаат нешто повеќе околу заштитата на дигиталните права и активностите на различните чинители насочени кон поголема промоција и развивање на капацитетите за заштита на приватноста и на другите човекови права на интернет. Покрај тоа, на конференцијата беа споделени и искуствата на офицерите за заштита на лични податоци што беа дел од проектните активности. Конференцијата претставува завршен настан на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, спроведуван од Фондација Метаморфозис и Здружение Конект, со финансиска поддршка од Европската унија.