Дигитална трансформација и нови можности за женско претприемништво

Националната платформа за женско претприемништво организираше Регионален форум на тема Дигитална трансформација и нови можности за женско претприемништво, кој се одржа на 15 Јуни 2022 год. со почеток во 12 часот во Хотел “Double Tree by Hilton” во Скопје.

Форумот беше одлична можност да се слушнат добри практики, програми и можности кои допринесуваат за поголема дигитална трансформација на женското претприемништо односно малите и средни претпријатија. Форумот го отвори претседателката г-ѓа Валентина Дисоска, а воведни излагања имаа г-дин Орце Симов од ССК и г-ѓа Емилија Андонова, Фондација МИР, координатор на проектот, додека модератор беше г-ѓа Викторија Митрикеска. Имаше панел дискусија на која свое учество земаа г-ѓа Весна Ивановска од SEAVUS, г-ѓа Анета Антова Пешева, Претседател на МАСИТ, г-ѓа Флорина Џингова од МЗДС Академија, г-ѓа Македонка Димитрова, професор, г-ѓа Ирена Ѓеорѓиевска од ФИТР и г-ѓа Орхидеја Ѓоргоска, државен советник за еднакви можности. На Форумот присуствуваа и голем број на претставници од приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор. На настанот свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.