Ден на одговорни бизниси
На покана на Здружението Конект, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на настанот Ден на одговорни бизниси, кој се одржа на 11 Декември 2019 год. во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите.
Настанот е дел од проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“, поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Здружението Конект и Бизнис Конфедерација, чија цел e поддршка на економските и социјалните права во приватниот сектор преку унапредување на деловните и човековите права. На настанот се промовираше МAMFORCE стандардот и на Панел дискусијата имаше и промоција на компании посветени на воведување на стандардот. На панелот свои излагања имаа и Никица Кусиникова, Конект, Извршен директор, Дијана Кобас Десковиќ, Директор, Спона Хрватска, претставници од компаниите кои се во процес на воведување на Мамфорс стандардот, како и претставник на Делегацијата на ЕУ.