Z – enfant во Македонија
На покана на компанијата Современ дом – СД Бест Фешн, како соработници, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Свеченото отворање на бутикот на детскиот бренд Z – enfant во Скопје, кое се одржа на 30 Мај 2012 год.
Zannier Group, Групација основана во 1962 год. од г-динот Роџер Заниер и неговата сестра, започнала како мал семеен бизнис. Од тогаш до сега, Групацијата има огромен развој. Денес, Групацијата делува во 120 држави со над 11000 продавници, со производство и продажба на 55 милиони парчиња облека на годишно ниво и годишен приход од 800 милиони евра.
Z – брендот, основан во 1983 год. е историски бренд на Групацијата, чиј таргет се децата. Моментално има 518 продавници низ Европа, а одсега и кај нас, токму преку Современ дом, за што им честитаме и им посакуваме успех и напредок.