Саем за женско претприемништво ЕКСПО 2025

Во организација на Канцеларијата на UN Women во Македонија, во соработка со Здружението на бизнис жени, на 13 Ноември 2025 година, во ПАРК од Рагуза Груп, Скопје, со почеток од 09:30 часот. се одржа Саемот за женско претприемништво ЕКСПО 2025 – сателит настан во Македонија. Настанот ги обедини жените претприемачи, инвеститорите, бизнис здруженијата и институционалните партнери, со цел поттикнување на иновациите, вмрежувањето и развојот на претприемничкиот екосистем во земјата. Во воведната дискусија свое излагање имаа Бен Нупнау од Делегација на Европската Унија, Весна Ивановиќ- Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women, Валентина Дисоска, претседателка, Асоцијација на бизнис жени и Марјан Ристески, заменик-министер, Министерство за економија и труд. На овој несекојдневен настан, на кој нашите стартапи пичираа пред инвеститори, а публиката имаше можност активно да се вклучи – преку поставување прашања, споделување идеи или пронаоѓање можности за
соработка, создавање синџири на набавка или можеби инвестирање во претприемачките идеи што ќе бидат презентирани. На крајот имаше и прогласување на 3-те најперспективни презентации од женските бизниси. Свое активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.