Конференција ТвинТек Конект 2025
На покана на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР), НЕКСТ-ЕМ дооел учествуваше на ТвинТек Конект 2025, конференција за трансфер на технологии, иновации и вмрежување. Конференцијата се одржа на 28 Мај 2025 год. во Јавна соба, Скопје. ТвинТек Конект 2025 на едно место ги собра институциите, организациите, истражувачите и компаниите со цел споделување на најдобрите практики во развојот на политики и поддршка на услуги помеѓу клучните чинители на иновацискиот екосистем. На настанот слушнавме за најновите трендови од областа на трансфер на технологии и стратегии за иновации. Настанот имаше повеќе панел дискусии и тоа за Клучните вештини за трансфер на технологии во истражување и иновации, Дигитална трансформација: Патот кон Индустрија 4.0, Зелени иновации: Циркуларна економија и upcycling, Култура на иновации: Алатка за трансформација и раст и Изградба на иновацискиот екосистем. Настанот го отвори и имаше воведно обраќање Емилија Андонова. Конференцијата е организирана од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР, во соработка со проектот „Policy Answers“ и @EEN North Macedonia.