АЕК – Меѓународна регулаторна конференција за 2025 год

На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Меѓународната регулаторна конференција која се одржа од 19 до 21 Мај 2025 год. во Хотел Александар Палас во Скопје. Единаесет години по ред, АЕК организира Меѓународна регулаторна конференција, а во соработка со Меѓународната Унија за Телекомуникации, со цел да поттикне јавна расправа за прашања што се однесуваат на најновите технолошки достигнувања во ИКТ секторот, преку размена на мислења, решенија за можни проблеми, најдобри практики и искуства. Оваа конференција, ја отвори директорот на Агенцијата за електронски комуникации, господинот Јетон Акику. Оваа година АЕК прославува троен јубилеј и тоа 25 години од основање на Управата за телекомуникации -орган во состав на Министерството за транспорт и врски, потоа 20 Години од воспоставување на Агенцијата за електронски комуникации како самостојно, непрофитно и независно регулаторно тело со јавни овластувања утврдени со закон и 160 години од постоењето на Меѓународната Унија за телекомуникации. Насловот на конференцијата „Употреба на технологијата за дигитална иднина“ со теми на кои се дискутираше во 4 сесии и тоа за управување со спектарот и сајбербезбедноста потенцирајки ја регионалната соработка, приоритетите и стратегиите за овозможување безбеден сајбер простор, мапирањето на дигиталните инфраструктури за премостување и поврзување како во Европа така и пошироко и новите пристапи кон регулаторните рамки со кои се соочуваат новите технологии. Беа поканети познати личности, од македонските и меѓународни институции, меѓу кои, регулаторни тела, оператори, други компании, како и клучни личности на македонскиот и глобалниот пазар на електронски комуникации. Активно учество имаше и НЕКСТ- ЕМ дооел.