Иновациите во информациско комуникациската технологија и Cloud сервисите се тема на ИКТ Конференцијата на земјите од Југоисточна Европа што се одржа на 18 октомври во Скопје во хотелот Александар Палас, во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.
На конференцијата насловена „9-та СЕЕИТА & 8-ми МАСИТ Отворени денови“ присуствуваа 180 учесници и претставници на повеќе од 15 земји. Настанот е место каде учесниците можеа да добијат пристап до информации од највисок ранг од ИКТ лидерите во регионот.
Конференцијата претставува собир на сите ИКТ чинители од регионот и прилика да се разменат искуствата, да се зајакнат регионалните бизнис врски помеѓу ИКТ компаниите, како и да се разменат информации за моменталните случувања и проблеми во ИКТ индустријата. Нејзината програма беше поделена на четири сесии: Cloud сервиси, извоз на софтвер и ИТ услуги на ниво на регионот на Југоисточна Европа, регионална тркалезна маса за иновации во ИКТ, креирање на Иновациски центри, и состанок на ЈИЕ ИКТ Форум.
НЕКСТ-ЕМ дооел следејќи ја заложбата за активно учество во ИКТ настаните, покрај стандардното присуство даде дополнителен придонес со спонзорство на кафе паузите кои беа добра можност за нетворкинг помеѓу учесниците на конференцијата.