АЕК – Втор јавен состанок за 2025 год.
На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Вториот јавен состанок за 2025 год. кој се одржа на 25 Декември 2025 год. со почеток во 10.30 ч. во административната зграда на АЕК – Бизнис сала. Состанокот го отвори Директорот на Агенцијата, г-динот Јетон Акику. Поздравен говор имаше и Претседателот на Комисијата на АЕК Проф. Д-р. Орце Симов. Почитувајки го принципот на своето транспарентно работење и законските одредби, Агенцијата за електронски комуникации го организираше овој состанок со цел да им овозможи на сите чинители и заинтересирани страни да се информираат и запознаат со нејзините активности во годината која изминува и плановите и стратегиите за наредниот период. На овој состанок имаше презентации на следните теми, Обврските на MKD- CIRT согласно Законот за безбедност на мрежни и информациски системи, презентер Билјана Јовановска Балески – Советник во Национален Центар за одговор на компјутерски инциденти, MKD-CIRT, AI поддржани APT напади – Скриената изложеност и намерната поддршка на телекомуникацискиот сектор, презентер Никола Николов – Советник на Директорот за информатички технологии и Имплементација и ефекти од мерките за заштита на крајните корисници, презентер Горан Колевски – Советник на Директорот за заштита на корисниците.





